Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-ноември 2013

среда, 08 јануари 2014


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2013 година, изнесува 3 863 059 илјади САД долари, а на увозот 5 981 590 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2013 година, изнесува 2 118 531 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други моторни возила за превоз на лица, н.н.
Во периодот јануари-ноември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (72.6%) и земјите од Западен Балкан (17.9%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62.4%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.6%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (49.9% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov 
  




© Државен завод за статистика