Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2013 година, изнесува 2 000 720 илјади САД долари, а на
увозот 3 186 065 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62.8%. Трговскиот дефицит, во
периодот јануари-јуни 2013 година, изнесува 1 185 345 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на
носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани
производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла
добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во
прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27
(70.8%) и земјите од Западен Балкан (20.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на
ЕУ 27 (59.0%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.9%). Според вкупниот обем на надворешно-
трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и
Италија (49.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).