Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари - март 2013

четврток, 02 мај 2013


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во периодот јануари - март 2013 година изнесува 948 053 илјади САД долари, а на
увозот 1 499 934 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 63.2%. Трговскиот дефицит, во
периодот јануари - март 2013 година, изнесува 551 881 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи),
облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на
платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Во периодот јануари - март 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27
(72.4%) и земјите од Западен Балкан (18.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на
ЕУ 27 (56.3%) и Останати - земји на друго место неспомнати (12.4%). Според вкупниот обем на надворешно-
трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и
Бугарија (49.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика