Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена со странство, јануари - декември 2011
понеделник, 22 април 2013
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-декември 2011 година изнесува 4 478 313 илјади САД долари, а на увозот 7 027 162 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63.7 %. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2011 година, изнесува 2 548 849 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платината, необработени или во прав, суровата нафта, производите од железо и челик (валани производи) и електричната енергија. Во периодот јануари-декември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.4%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите- членки на ЕУ 27 (54.4%) и земјите во развој (26.7%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Бугарија и Русија (44.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика