Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединците, 2012

среда, 31 октомври 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2012 година, 58.3% од
домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 3.3 процентни поени повеќе во споредба со
истиот период од 2011 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на
домаќинства е зголемено од 42.1% во 2011 година, на 58.1% во 2012 година.
Во набљудуваниот период, најзастапено поврзување на интернет, кај 99.6% од домаќинствата со интернет-
пристап, е широкопојасното поврзување кое вклучува: фиксно жично (кабел, фибер, Ethernet, PLC итн.), фиксно
безжично (сателит, јавен WiFi, WiMax) и мобилно поврзување на интернет (најмалку 3G телефон - UMTS или
најмалку 3G модем - USB/картичка за лаптоп).
Во првото тримесечје од 2012 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, мобилен телефон
користеле 68.4%, компјутер користеле 59.9%, а интернет користеле 57.5%. Интернет најмногу користеле
учениците и студентите, односно 96.4%. Најчесто, 74.7% од корисниците на интернет во последните 3 месеци,
користеле интернет за телефонирање или за видео повици преку веб-камера (webcam).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 856

е-пошта:  lidija.todorovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика