Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Информатичко општество
Во првиот квартал од 2010 година 46,1% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома
среда, 20 октомври 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2010 година, е зголемено учеството на домаќинствата со интернет пристап за 4,3 процентни поени во споредба со истиот период од 2009 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 33,8% во 2009 година на 37,2% во 2010 година, додека нивното учество во бројот на домаќинствата со интернет пристап е на исто ниво во двата споредбени периода (околу 81%).
Најзастапено широкопојасно поврзување на интернет, во овој период, е преку ADSL технологиите и тоа кај 50,4% од домаќинствата со интернет пристап.
Во првиот квартал од 2010 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години компјутер користеле 56,4%, додека интернет користеле 51,9% што е за 1,9 процентни поени повеќе во однос на истиот период од 2009 година. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 93,8%.
Од лицата кои користеле интернет во последните 12 месеци 75,1% употребиле некаков вид на ИТ безбедносен софтвер или алатка (антивирус, антиспам, фајрвол итн.) за заштита на својот приватен компјутер и податоци, а 86,0% имале одредени безбедносни проблеми поврзани со употребата на интернет за приватна намена во последните 12 месеци.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 856
е-пошта:
lidijatd@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика