Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединците, 2016

понеделник, 31 октомври 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, 75.3% од
домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со
истиот период од 2015 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на
домаќинства е зголемено од 69.0% во 2015 година на 74.7% во 2016 година. Речиси сите (99.2%) домаќинства
со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.
Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле
72%, а 61% го користеле секој ден или речиси секој ден.
Мобилниот телефон или паметниот телефонот биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81% од
корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (92%). 77% од
корисниците на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на
интернет надвор од дома или од работа.
19.3% од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во
последните 12 месеци, а мнозинството (55%) од нив купиле облека или спортска опрема.
Речиси половината (49%) од корисниците на интернет во последните 12 месеци немаат дадено лични
информации на интернет, додека најдавани лични информации онлајн се податоците за контакт (37%) и
личните податоци како име, дата на раѓање, број на лична карта (33%).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика