Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединците, 2015

петок, 30 октомври 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, 69.4% од
домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за еден процентен поен повеќе во споредба со
истиот период од 2014 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на
домаќинства е зголемено од 67.7% во 2014 година, на 69.0% во 2015 година.
Речиси сите (99.5%) од домаќинствата со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно)
поврзување на интернет.
Во првото тримесечје од 2015 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле
69.2%, a интернет користеле 70.4%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 94.7%.
71.2% од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2015 година употребиле мобилен телефон или
паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.
15.4% од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во
последните 12 месеци, а мнозинството (66.9%) од нив, купиле облека или спортска опрема. Од лицата што не
купувале преку интернет во последните 12 месеци, речиси 80% претпочитаат да купуваат лично во продавница,
сакаат да го видат производот, од навика и сл., а 28% не купувале поради загриженост за безбедноста при
плаќањето, или приватноста (пр., давање податоци од кредитна картичка или лични податоци на интернет).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 856

е-пошта:  lidija.todorovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика