Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко - комуникациски технологии во деловните субјекти, 2011

четврток, 22 септември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2011 година, 93,0% од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор со десет или повеќе вработени биле опремени со компјутери.
 
Во јануари 2011 година, 88,6% од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор со 10 или повеќе вработени имале пристап на интернет.
 
DSL (Digital Subscriber Line) технологиите (како АДСЛ и др.) сé уште се најзастапен тип на интернет поврзување (74,6%) кај деловните субјекти со пристап на интернет.
 
Електронски пренос на податоци погоден за автоматско процесирање, односно примање и/или испраќање на податоци преку која било компјутерска мрежа (интернет или други компјутерски мрежи), до/од системите надвор од деловниот субјект, во договорен или стандарден формат кој овозможува нивна автоматска обработка (на пр.: EDI, EDIFACT, XML) вршеле 37,4% од деловните субјекти.
 
Е-фактури соодветни за автоматска обработка деловните субјекти повеќе примале (9,3% од деловните субјекти), отколку што испраќале (6,0%).
 
Електронското и автоматското споделување на податоци помеѓу различните функционални целини во рамките на деловниот субјект било застапено кај 47,0% од деловните субјекти.
 
Технологија на радиофреквенциска идентификација - RFID имале 7,5% од деловните субјекти, која најмногу се употребувала за идентификација на лица или контрола на пристап.
 
Сопствена веб-страница (website/homepage) имале 58,9% од деловните субјекти, а кај 10,4% веб-страницата овозможувала он-лине нарачување.
 
Во текот на 2010 година, 6,9% од деловните субјекти со најмалку 10 вработени, имале веб-продажба, односно примиле нарачки за стоки/услуги преку веб-страница, додека 7,1% испратиле нарачки за купување стоки/услуги преку вебстраница.
 
Најчесто користени услуги на е-влада, во текот на 2010 година, од деловните субјекти со пристап на интернет, биле добивањето формулари (78,2%) и добивањето разни информации (76,8%) од веб-страниците на јавната власт, додека најзастапени административни процедури реализирани електронски (по пат на електронско враќање на пополнети формулари) биле пријавите за социјални придонеси на вработените (28,1%).
 
Околу 24% од деловните субјекти со пристап на интернет, во 2010 година поднесувале понуди за стоки/услуги во електронски систем за јавни набавки во земјава.
 
Во јануари 2011, половината од деловните субјекти со најмалку 10 вработени, имале политики за употреба на телефон, веб, видеоконференција наместо физичко патување, а 31,4% имале обезбедено далечински пристап на вработените до ресурсите на деловниот субјект (е-пошта, документи, апликации) што овозможува работење надвор од просториите
на деловниот субјект.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 856

е-пошта:  lidija.todorovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика