Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Информатичко општество
Во 2010 година, 84,1% од деловните субјекти од финансискиот и
нефинансискиот сектор со 10 или повеќе вработени имале пристап
на интернет
петок, 24 септември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година, 92,7% од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор со десет или повеќе вработени биле опремени со компјутери, 67,5% користеле компјутерска мрежа LAN, а 27,8% користеле бежичен LAN. Интранет (интерна комуникациска мрежа базирана на интернет протокол) имале 19,3%, а екстранет (дозволен надворешен пристап до својата мрежа) имале 13,2% од деловните субјекти. Најраспространето поврзување на интернет е преку DSL (анг. Digital Subscriber Line) технологиите (како ADSL и др.), односно 70,6% од деловните субјекти со пристап на интернет имале ваков тип на поврзување. Од деловните субјекти со пристап на интернет, 73,6% најчесто го употребувале за банкарски и за финансиски услуги, а само 5,3% реализирале продажба преку интернет во 2009 година.
Во јануари 2010, 13,8% од деловните субјекти имале дефинирана ИКТ безбедносна политика. Најупотребувани ИКТ безбедносни средства или процедури во деловните субјекти биле: правење на резервна копија на податоци надвор од локацијата - offsite data backup (31,5%), и автентикација со сложена лозинка или шифриран пренос и складирање на податоци (28,4%).
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 856
е-пошта:
lidijatd@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика