Соопштението е од областа:
Информатичко општество
Користење на информатичко - комуникациски технологии
во деловните субјекти, 2015
вторник, 20 октомври 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59.1% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop, smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 11.4% од вработените во деловните субјекти. Половината (49.8%) од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present. ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум. Околу 52% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 79% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 40.2% имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 16.4% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање. 17.7% од деловните субјекти имале ERP- софтверски пакет за електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект, а 21.6% употребувале софтверска апликација за управување или анализа на информациите за клиентите, т.н. CRM. Во текот на 2014 година, 7.7% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 3.6%, а е-купувања имале 5.9% од деловните субјекти.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 856
е-пошта:
lidija.todorovska@stat.gov.mk
|