Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко - комуникациски технологии во деловните субјекти, 2014

петок, 10 октомври 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, широкопојасен пристап на интернет
(преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.1% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 59.3%
од деловните субјекти.
60.7% од деловните субјекти на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува
мобилна конекција на интернет за деловна употреба, но само 10% од вработените во деловните субјекти ги
користеле овие уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone).
Социјалните медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.) биле
употребени (но не само за платено рекламирање) кај 36.8% од деловните субјекти.
Компјутерски услуги во облак (Cloud computing services), употребени преку интернет, купиле 11,9% од деловните
субјекти.
40.9% од деловните субјекти електронски испраќале или примале податоци (EDI-тип на пораки) во формат
кој овозможува нивно автоматско обработување (пр., EDI, UBL, XML), 21,6% имале ERP- софтверски пакет за
електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект, а 20.0% употребувале
софтверска апликација за управување со информациите за клиентите, т.н. CRM.
Во текот на 2013 година, 9.7% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно
купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), веб-продажба
реализирале 6.4%, а веб-купувања вршеле 4.4% од деловните субјекти.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 856

е-пошта:  lidija.todorovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика