Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко - комуникациски технологии во деловните субјекти, 2013

понеделник, 07 октомври 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2013 година, широкопојасен пристап на
интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.5% од деловните субјекти со десет или повеќе
вработени.


Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале
43.8% од деловните субјекти.


57.4% од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта,
документите или апликациите на претпријатието, а 41.0% на своите вработени им обезбедиле преносливи
уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба.


Во јануари 2013 година, 32.4% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето
на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 26.1% од вработените, најмалку еднаш
неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Преносливи уреди (пр., notebook, laptop, smartphone,
PDA phone), кои овозможуваат мобилен пристап на интернет, за деловна употреба користеле 6.6% од
вработените.


Употребата на социјалните медиуми, како социјални мрежи, блогови, веб-страници за споделување на
мултимедијална содржина (пр., Facebook, Twitter, YouTube, итн.), или wiki-алатки за споделување знаење, била
застапена кај 36.2% од деловните субјекти.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 856

е-пошта:  lidija.todorovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика