Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје од 2018 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 24.9 %, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 6.1 %, во железничкиот превоз останува ист, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 13.5 %.
Во однос на второто тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 5.5 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 14.1 %, во железничкиот превоз за 15.6 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 29.8 %.
Во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9.4 %, во воздухопловниот превоз е намаленo за 22.5 %, додека во железничкиот превоз е намаленo за 3.2 %.
Во однос на второто тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 11.8 %, во воздухопловниот превоз е намалено за 19.8 %, додека во железничкиот превоз е намалено за 14.5 %.