Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје од 2018 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 20.3 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 1.8 %, во железничкиот превоз е намален за 0.7 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 15.1 %.
Во однос на првото тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11.7 %, во градско-приградскиот превоз за 1.3 %, во железничкиот превоз за 13.1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 41.5 %.
Во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 17.9 %, во железничкиот превоз е зголемено за 2.9 %, а во воздухопловниот превоз за 62.4 %.
Во однос на првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 4.4 %, во железничкиот превоз е зголемено за 13.5 %, а во воздухопловниот превоз за 72.8 %.