Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје од 2018 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 26.7 %, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 1.6 %, во железничкиот превоз е намален за 1.5 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 7.7 %.
Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 27.6 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 5.6 %, во железничкиот превоз за 5.1 %, додека во воздухопловниот превоз е намален 7.6 %.
Во првото тримесечје од 2019 година, во споредба со првото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 4.0 %, во железничкиот превоз е зголемено за 2.8 %, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 4.2 %.
Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 3.8 %, во железничкиот превоз е зголемено за 36.9 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 18.5 %.