Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Транспорт и комуникации
Превезени патници и стоки во четвртото тримесечје од 2018 година
вторник, 05 март 2019
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 12.4 %, во градско-приградскиот превоз за 1.4 %, во железничкиот превоз е намален за 3.5 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 8.7 %. Во однос на третото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 1.7 %, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 29.2 %, во железничкиот превоз за 10.5 %, додека во воздухопловниот превоз е намален 33.1%. Во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 21.7 %, во железничкиот превоз е намалено за 25.9 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 8.0 %. Во однос на третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 9.7 %, во железничкиот превоз за 27.1 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 31.4 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика