Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници и стоки во второто тримесечје од 2017 година

четврток, 24 август 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, во однос на истото
тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 13.6 %,
во градско-приградскиот превоз за 9.6%, во воздухопловниот превоз за 5,7%, додека бројот на превезените
патници во железничкиот превоз е намален за 23.5%.


Во однос на првото тримесечје од 2017 година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен
за 21.5%, во градско-приградскиот превоз за 4.8%, во железничкиот превоз за 27.5%, додека во воздухопловниот
превоз е зголемен 33.0%.


Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, количеството на
превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 45.7%, во воздухопловниот превоз за 17.4%,
додека во железничкиот превоз е зголеменo за 85.5%.


Во однос на првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
е зголемено за 53.2%, во воздухопловниот превоз за 32.0%, додека во железничкиот превоз е зголеменo за
51.8%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика