Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на
истото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за
5.2%, во градско-приградскиот превоз за 8.4%, во железничкиот превоз за 54.0%, додека бројот на превезените
патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 9.4%.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градско-приградскиот
превоз е зголемен за 28.3%, во патничкиот превоз е намален за 1.7%, во железничкиот превоз за 1.8%, додека
во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 28.0%.
Во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2015 година, количеството
на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9.1%, во железничкиот превоз е намалено за
2.1%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 7.8 %.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
е намалено за 36.7%, во воздухопловниот превоз за 14.0%, додека во железничкиот превоз е зголемено за
5.6%.