Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Морталитетот во 2009 година, зголемен за 0.4% во однос на 2008 година
среда, 23 јуни 2010
Зголемен бројот на умрени лица
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 0.4% во однос на претходната година и изнесува 19 060 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 040 или 52.7% од вкупно умрените лица.
Просечната возраст на умрените лица, повисока кај жените
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 68.6 години, односно 73.5 години кај лицата од женски пол, или за 4.9 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Зголемен бројот на умрените доенчиња
За одбележување е зголемениот број на умрени доенчиња за 24.7% во однос на минатата година и изнесува 278 умрени доенчиња. Учеството на умрените доенчиња во вкупно умрените лица изнесува 1.5% на 100 умрени лица.
Најголемо учество на умрените лица од болести на циркулаторниот систем
Како и во минатите години најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99) и тоа во 57.9 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) и тоа во 19.3%, па со 3.7% се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра E00-E90) итн.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика