Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Морталитетот во Република Македонија,
по општини, во 2010 година
понеделник, 20 јуни 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на
умрените лица е зголемен за 0.3% во однос на претходната година и изнесува 19 113 умрени лица.
Поголем број се од машки пол и тоа 10 168 или 53.2% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените
доенчиња изнесува 185, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.0% на 100
умрени лица.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 69.6 години, односно 73.9 години кај лицата од
женски пол, или за 4.3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем,
според МКБ-10 (шифра И00-И99), и тоа во 57.9% случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како
причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра Ц00-Д48) и тоа во 19.4%, потоа со 3.9% се застапени
случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90),
а со 3.7% се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра
Ј00-Ј99) итн.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика