Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Морталитетот во Република Македонија, по општини, 2013

вторник, 24 јуни 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година бројот на умрените лица во Република
Македонија е намален за 4.6 % во однос на претходната година и изнесува 19 208 умрени лица. Поголем број
се од машки пол и тоа 10 136 лица или 52.8 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува
237, а нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.2%.


Просечната возраст кај умрените лица од машки пол изнесува 69.9 години, односно 74.2 години кај лицата од
женски пол, или за 4.3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.


Како и во минатите години најголемо учество од 57.8% имаат умрените лица од болести на циркулаторниот
систем, (шифра I00-I99) според МКБ-10, потоа со учество од 19.0%, се случаите кај кои како причина за смрт
се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), со учество од 4.4% се застапени случаите кај кои причина за смрт се
ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), а со 3.5% се застапени случаите кај кои
причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) итн.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика