Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јануари 2013 година
вторник, 12 март 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2013 година изнесува 31 764, а бројот на ноќевањата изнесува 66 984. Бројот на туристите во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, е намален за 5.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.7%. Бројот на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, е намален за 2.9%, а бројот на странските туристи е намален за 8.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, е намален за 1.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 10.8%. Бројот на туристите во јануари 2013 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има намалување за 2.3%. Бројот на ноќевањата во јануари 2013 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 5.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18.7%, а кај странските има намалување за 6.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика