Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, декември 2012 година
вторник, 12 февруари 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2012 година изнесува 31 396, а бројот на ноќевањата изнесува 63 260. Бројот на туристите во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.5%. Бројот на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 7.1%, а бројот на странските туристи е намален за 2.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 1.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.1%. Во периодот јануари- декември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.4%, а кај странските зголемување за 7.3%. Во периодот јануари- декември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.5%, а кај странските зголемување за 7.5%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика