Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, август 2012 година
вторник, 16 октомври 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2012 година изнесува 114 554, а бројот на ноќевањата изнесува 591 874. Бројот на туристите во август 2012 година, во однос на август 2011 година, е намален за 3.2%, а бројот на ноќевањата е намален за 6.0%. Бројот на домашните туристи во август 2012 година, во однос на август 2011 година, е намален за 6.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2012 година, во однос на август 2011 година, е намален за 7.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.5%. Во периодот јануари-август 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.4%, а кај странските зголемување за 9.3%. Во периодот јануари-август 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 3.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.9%, а кај странските зголемување за 6.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика