Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, јуни 2012 година

вторник, 14 август 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2012 година изнесува 63 216,
а бројот на ноќевањата изнесува 163 278.


Бројот на туристите во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, е зголемен за 14.3%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 14.1%.


Бројот на домашните туристи во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на
странските туристи е зголемен за 18.1%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, е зголемен за
6.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 20.7%.


Во периодот јануари- јуни 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 7.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.2%, а кај странските зголемување за
10.9%.


Во периодот јануари- јуни 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 5.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.9%, а кај странските зголемување за
10.0%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика