Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2012 година изнесува 23 543, а бројот на ноќевањата изнесува 52 884.
Бројот на туристите во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, е намален за 13.3%, а бројот на ноќевањата е намален за 16.5%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, е намален за 22.8%, а бројот на странските туристи е намален за 5.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, е намален за 24.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 8.5%.
Во периодот јануари- февруари 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.5%, а кај странските има зголемување за 10.0%.
Во периодот јануари- февруари 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.7%, а кај странските има зголемување за 8.2%.