Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јануари 2012 година
вторник, 13 март 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2012 година изнесува 33 748, а бројот на ноќевањата изнесува 71 043. Бројот на туристите во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 20.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22.4%. Бројот на домашните туристи во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 12.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 27.3%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 17.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.2%. Бројот на туристите во јануари 2012 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.6%, а кај странските има зголемување за 4.5%. Бројот на ноќевањата во јануари 2012 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 12.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18.4%, а кај странските има зголемување за 7.4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика