Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, ноември 2011 година
четврток, 12 јануари 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2011 година изнесува 32 810, а бројот на ноќевањата изнесува 72 346. Бројот на туристите во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, е зголемен за 10,8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,8%. Бројот на домашните туристи во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, е зголемен за 3,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, е зголемен за 8,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10,8%. Во периодот јануари- ноември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.4%, а кај странските има зголемување за 26.1%. Во периодот јануари- ноември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 7.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,7%, а кај странските има зголемување за 36,4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика