Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2011 година изнесува 58 620, а бројот на ноќевањата изнесува 146 044.
Бројот на туристите во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 30.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 37.1%.
Бројот на домашните туристи во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 22.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 35.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 25.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 46.3%.
Во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 25.9%.
Во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 6.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 38.0%.