Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2011 година изнесува 119 770, а бројот на ноќевањата изнесува 592 837.
Бројот на туристите во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, е зголемен за 14.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.1%.
Бројот на домашните туристи во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, е зголемен за 6.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 36.7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, е намален за 4.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 63.1%.
Во периодот јануари-јули 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 9.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.1%, а кај странските има зголемување за 24.5%.
Во периодот јануари-јули 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 33.2%.