Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, декември 2010 година
понеделник, 14 февруари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2010 година изнесува
34 370, а бројот на ноќевањата изнесува 64 260.
Бројот на туристите во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, е зголемен за 26.5%, а
бројот на ноќевањата е зголемен за 19.9%.
Бројот на домашните туристи во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, е зголемен за
48.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, е
зголемен за 30.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.2%.
Во периодот јануари- декември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е намален за 0.3% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 1.2%, а кај странските е
забележано зголемување за 1.0%.
Во периодот јануари- декември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е намален за 3.9% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 3.7%, а кај странските
е забележано намалување за 4.2%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика