Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јануари 2011 година
понеделник, 14 март 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2011 година изнесува 28 096, а бројот на ноќевањата изнесува 58 047. Бројот на туристите во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, е зголемен за 8.6%, а бројот на ноќевањата е намален за 2.2%. Бројот на домашните туристи во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, е зголемен за 3.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 14.7%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, е намален за 10.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10.0%. Бројот на туристите во јануари 2011 година, во однос на претходниот месец, е намален за 18.3% и тоа: кај домашните туристи намалувањето е за 25.6%, а кај странските за 9.3%. Бројот на ноќевањата во јануари 2011 година, во однос на претходниот месец, е намален за 9.7% и тоа: кај домашните туристи намалувањето е за 11.5%, а кај странските за 7.5%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика