Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2019 година изнесува 171 862, а бројот на ноќевањата изнесува 682 854.
Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2.5 %, а бројот на ноќевањата е намален за 0.7 %.
Бројот на домашните туристи во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 3.6 %, а бројот на странските туристи е намален за 1.7 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 1.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.5 %.
Во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 2.3 %.
Во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 %, така што кај домашните туристи се бележи намалување од 0.2 %, а кај странските има зголемување за 2.0 %.