Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, декември 2018 година

вторник, 12 февруари 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2018 година изнесува 56 556, а бројот на ноќевањата изнесува 113 921.

Бројот на туристите во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %.

Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.7 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.1 %.

Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.9 %, а кај странските има зголемување за 12.2 %.

Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.8 %, а кај странските има зголемување за 15.2 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика