+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, ноември 2018 година

понеделник, 14 јануари 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2018 година изнесува 56 948, а бројот на ноќевањата изнесува 126 373. Бројот на туристите во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 12.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.2 %. Бројот на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 16.0 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 11.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.3 %. Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за 12.3 %. Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а кај странските има зголемување за 15.3 %.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 741

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика