Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, октомври 2018 година
среда, 12 декември 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2018 година изнесува 83 303, а бројот на ноќевањата изнесува 182 557. Бројот на туристите во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 7.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.1 %. Бројот на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 13.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 11.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.1 %. Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а кај странските има зголемување за 12.5 %. Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за 15.8 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика