Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, август 2018 година

петок, 12 октомври 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2018 година изнесува 211 746,
а бројот на ноќевањата изнесува 881 806.
Бројот на туристите во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 12.2 %, а бројот на ноќевањата
е зголемен за 15.0 %.
Бројот на домашните туристи во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 18.1 %, а бројот на
странските туристи е зголемен за 5.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за
17.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.6 %.
Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 15.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.5 %, а кај странските има зголемување за
15.3 %.
Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 16.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.8 %, а кај странските има зголемување за
18.0 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика