+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам во Република Македонија, октомври 2010 година

понеделник, 13 декември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2010 година изнесува 42 194, а бројот на ноќевањата изнесува 96 060.

Бројот на туристите во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.5%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 4.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 1.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.4%.

Во периодот јануари - октомври 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 1.9% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 2.9%, а кај странските е забележано намалување за 0.6%.

Во периодот јануари - октомври 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 4.8% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 4.3%, а кај странските е забележано намалување за 6.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика