Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2018 година изнесува 176 310, а бројот на ноќевањата изнесува 687 976.
Бројот на туристите во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 14.9 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17.8 %.
Бројот на домашните туристи во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 18.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.0 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 16.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 19.5 %.
Во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.6 %, а кај странските има зголемување за 17.8 %.
Во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.4 %, а кај странските има зголемување за 21.2 %.