Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јуни 2018 година
понеделник, 13 август 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2018 година изнесува 102 327, а бројот на ноќевањата изнесува 243 175. Бројот на туристите во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 20.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23.4 %. Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 22.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 11.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29.5 %. Во периодот јануари - јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.4 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.3 %, а кај странските има зголемување за 19.8 %. Во периодот јануари - јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика