Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Бројот на туристите во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 35.7%
петок, 11 јуни 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2010 година изнесува 36 127, а бројот на ноќевањата изнесува 86 331.
Бројот на домашните туристи во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 17.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.3%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2010 година, во однос на април 2009 година, е зголемен за 91.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 3.3%.
Во периодот јануари-април 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 8.2% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 8.2%, а кај странските е забележано намалување за 8.1%.
Во периодот јануари-април 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи зголемувањето изнесува 14.1%, а кај странските е забележано намалување за 9.9%.
Бројот на странските туристи во април 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 31.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 24.4%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика