Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, мај 2018 година

четврток, 12 јули 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2018 година изнесува 104 034, а бројот
на ноќевањата изнесува 211 234.


Бројот на туристите во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 8.0 %, а бројот на ноќевањата е
зголемен за 5.6 %.


Бројот на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 1.2 %, а бројот на странските
туристи е зголемен за 11.2 %.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4.8 %, а
бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.4 %.


Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен
за 15.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 19.0 %.

 
Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 19.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 714

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика