Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Бројот на туристите во март 2010 година, во однос на март 2009
година, е намален за 13.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 2.6%
четврток, 13 мај 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2010 година изнесува
26 389, а бројот на ноќевањата изнесува 57 255.
Бројот на домашните туристи во март 2010 година, во однос на март 2009 година, е намален за 12.9%, а
бројот на странските е намален за 14.0%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2010 година, во однос на март 2009 година, е
зголемен за 10.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 12.7%.
Во периодот јануари- март 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е намален за 14.2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16.4%, а кај странските
има намалување за 12.1%.
Во периодот јануари-март 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е намален за 8.9% и тоа: кај домашните туристи е забележано намалување за 5.6%, а кај
странските намалување за 12.6%.
Бројот на странските туристи во март 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 11.2%, а
бројот на ноќевањата е зголемен за 9.0%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика