Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2018 година изнесува 82 635, а
бројот на ноќевањата изнесува 164 183.
Бројот на туристите во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 21.4 %, а бројот на ноќевањата
е зголемен за 17.2 %.
Бројот на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 12.3 %, а бројот на
странските туристи е зголемен за 25.5 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 6.1 %,
а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24.5 %.
Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 18.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.8 %, а кај странските има зголемување за
23.0.%.
Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 17.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.3 %, а кај странските има зголемување за
22.5.%.