Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Бројот на туристите во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, е намален за 21.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 23.9%

петок, 12 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2010 година изнесува 25 872, а бројот на ноќевањата изнесува 59 329.

Бројот на домашните туристи во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, е намален за 26.5%, а бројот на странските е намален за 14.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2010 година, во однос на јануари 2009 година, е намален за 28.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 15.9%.

Бројот на туристите во јануари 2010 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4.8% и тоа: кај домашните туристи зголемувањето изнесува 7.2%, а кај странските е забележано намалување за 15.3%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 10.7% и тоа: кај домашните туристи е забележано зголемување за 29.1%, а кај странските намалување за 8.2%.


ИСПРАВКА

Почитувани корисници,

Во подготовката на Соопштението за бројот на туристи во јануари 2010 година, објавено на 12.03.2010 година, направена е техничка грешка, за што се извинуваме.

Имено, во Соопштението стои дека бројот на домашните туристи во јануари 2010, во однос на јануари 2009, е намален за 26.6%, а точната бројка изнесува 26.5%.

Државниот завод за статистика се извинува за направената техничка грешка.

Ви благодариме за соработката и разбирањето.



  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика