Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2018 година изнесува 41 182, а
бројот на ноќевањата изнесува 89 301.
Бројот на туристите во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 11.7 %, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 11.8 %.
Бројот на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 8.1 %, а бројот на
странските туристи е зголемен за 13.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за
25.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.3 %.
Во периодот јануари - февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 13.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.
Во периодот јануари - февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
зголемен за 17.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.0 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.