Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, октомври 2017 година

вторник, 12 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува
77 779, а бројот на ноќевањата изнесува 165 748.

Бројот на туристите во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е зголемен за 12.1%, а
бројот на ноќевањата е зголемен за 6.4%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за
5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 21.1%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е
намален за 5.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.4%.

Во периодот јануари-октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 16.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.0%, а кај странските има
зголемување за 23.4%.

Во периодот јануари-октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 12.0%,и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има
зголемување за 22.0%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика