Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, јули 2017 година

вторник, 12 септември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува
153 435, а бројот на ноќевањата изнесува 584 014.


Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 10.9%.


Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3.0%, а бројот на
странските туристи е зголемен за 32.8%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за
4.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26.8%.


Во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 14.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.3%, а кај странските има зголемување
за 17.6%.


Во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување
за 17.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика