+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, мај 2017 година

среда, 12 јули 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2017 година изнесува
96 334, а бројот на ноќевањата изнесува 199 974.


Бројот на туристите во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 16.0%.


Бројот на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 22.5%, а бројот
на странските туристи е зголемен за 7.2%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за
27.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.8%.


Во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 11.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.2%, а кај странските има
зголемување за 9.9%.


Во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.1%, а кај странските
има зголемување за 12.9%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика